Османи: Членството во НАТО поттик за напредок и во европските интеграции

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневната работна посета на Вашингтон, оствари средба со Вилијам Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во Националниот Совет за Безбедност при администрацијата на Белата куќа.

„Веројатно не постои подобар тајминг за оваа средба, имајќи го предвид и формалното потпишување на протоколот за НАТО, со што Македонија и официјално седнува на столчето во евроатланската алијанса“, изјави Османи на средбата, посочувајќи го овој успех како заеднички интерес на сите НАТО земји, а за што упати особена благодарност за поддршката на САД во овој процес.

„Македонија останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот“ изјави Османи, пренесувајќи ја пораката од страна на Владата за посветеноста кон реформскиот процес, изградбата на стабилни и цврсти институции, како и добри односи со соседите. Османи посочи на активностите во реформскиот План 18, како основа и за напредок и во евроинтегративниот процес, посочувајќи на нашите очекувања за уште еден позитивен извештај и препорака од страна на Европската Комисија, како основа на која очекуваме почеток на преговорите со ЕУ оваа година.

На денешната агенда на Османи се и посетите на најголемите американски меѓународни институти, каде ќе оствари средба со Пол МекКарти, регионален Директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт ИРИ (IRI), како и со Шери Брајан, Потпретседател на Демократскиот Национален Институт НДИ (NDI). Претходно, Османи учествуваше и на тркалезната маса каде пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа – „Германскиот Маршалов Фонд“ (German Marshal Fund), имаше свое обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“ (Next Steps: Macedonia on the Road to Democratic Reform, NATO and EU Membership), соопштија од неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он

Бујар Османи – кандидат за градоначалник на Чаир, Бајрам Реџепи ќе „се трка“ во Тетово

А1он

На следните парламентарни избори ДУИ ќе предложи отворени листи

Катерина Ѓуровски