Османи – Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ, соопшти МНР.

– Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта, рече Османи.

Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

– Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре, истакна Османи на средбата со Борел.

Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи, се наведува во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје