Османи-Атебери: Поддршка од УСАИД за реформските процеси

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа состанок со новиот постојан претставник на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, соопшти денеска СЕП.

На средбата вицепремиерот Османи го информира Атебери за работата на Секретаријатот за европски прашања, нотирајќи ги надлежностите и политичката агенда. Тој го посочи моменталниот фокус на Владата на РМ, но и на СЕП, во подршка на реформискиот процес преку Планот 3-6-9 и Мастер планот за ИПА.

Атебери, пак, пред Османи го презентираше портфолиото на УСАИД со сите области и конкретни проекти што се спроведуваат во Република Македонија. Притоа потенцираше дека УСАИД целосно ја поддржува македонската Влада за унапредување на процесите за евро-атлантска интеграција. Атебери истакна дека УСАИД е партнер на Република Македонија во последните 25 години, а главните три области на кои делува се демократија и владеење, економски раст и образование, во кои се во тек повеќе проекти.

Османи и Атебери се согласија дека донаторската подршка е секогаш добредојдена во финансирање на реформските процеси на Владата на Република Македонија, заради скапите инвестиции во човечки капитал и инфраструктурата. Двајцата соговорници се согласија околу принципите на идната соработка, истакнувајќи ја важноста на донаторската координација која е во надлежност на СЕП.

На крај беше истакнат интересот на двете страни да соработуваат интензивно за наредната Развојна стратегија на УСАИД за Република Македонија која треба да се доврши до крајот на 2017 година, а се договорија и за редовната координација и размена на искуства во области каде УСАИД има компаративни предност во испорачување на потребната подршка на РМ, се вели во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски