Ослободен професорот обвинет за педофилија

Од:

Судот го ослободи професорот од Драчево кој беше обвинет за вршење полови дејствија и задоволување полови дејствија врз учениците.

Ваквата одлука кривичниот суд ја донесе зашто немало докази дека професорот Јордан Илиевски го сторил кривичното дело.

58-годишниот професор пред судот тврдеше дека е наместен од секретарката на училиштето и од колегите и дека не им покажувал порнографски материјали на учениците.

Тоа и истиот професор по историја кој го пријавија тројца ученици заедно со раководството на училиштето, а во чиј кабинет полицијата тврдеше дека пронајде порнографски материјали. Тогаш и се врифираше дека 58-годишниот професор не демантирал и го признал делото.

Дел од професорите од гимназијата беа во судот во април годинава, а зад камерите ги демантираат тврдењата на адвокатите и рекоа дека за сите злупотреби на неговиот колега ќе сведочат пред судот. Освен професорите, на рочиштата беа испрашани и учениците, а судењето беше затворено.

 

Би можело да ве интересира

24-годишник вршел полови дејствија врз 5-годишно девојче

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца