Оштетено возило на скопјанец во грчкото туристичко место Сани Бич

Од:

Оштетено е возилото марка „Фолксфаген“ на скопјанецот Ј.С. во грчкото туристичко место Сани Бич, со што бројот  се искачи на 65 возила на македонски државјани оштетени во соседна Грција.

Македонската гранична полиција, овој случај го евидентираше вчера пришто е констатирано дека кај возилото со скопски регистарски таблички во туристичкото место Сани Бич со бел спреј биле покриени ознаките „МК“. Ј.С. не го пријавил оштетувањето на возилото во грчката полиција.

Од вкупно пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, во 40 случаи се работи за кражби на регистарски таблички, од нив пак во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 24 случаи.

Од сите евидентирани случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР, како по правило, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 35. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел