Оштетено товарно возило на скопјанец во Грција

Од:

На граничниот премин „Богородица“ скопјанецот С.И. вчера пријавил оштетување на товарно моторно возило марка „ЕРФ ЕЦ 11“ со полуприколка  во Солун, Грција.

– Додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката пришто целосно била покриена ознаката “МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција, информираат од МВР.

Во текот на годинава на ГП „Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во соседна Грција.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена