Оштетени наплатните рампи на паркиралиштето во центарот на Охрид

Од:

Во сообраќајна незгода чии причини се непознати ноќеска целосно се уништени апаратите за електронска контрола на излез од паркиралиштето во премиум зоната кај кружниот тек во центарот на Охрид.

Од непознати причини возач изгубил контрола врз возилото и целосно ги откорнал од постаментите апаратот за детектирање на картичките за минување низ тој дел од градот и оние за платено паркирање, како и рампата за излез од паркиралиштето кај Градскиот плоштад на пристаништето во Охрид.

За кратко време се очекува да биде откриена причината за несреќата со оглед на тоа што просторот целосно е покриен со камери за видео-надзор.

Претходно, во неколку наврати намерно беа оштетувани апаратите за наплата и рампите во градот. Граѓаните на Охрид се со поделени мислења по однос на овој начин на уредување на сообраќајот и паркирање во градот. Најмногу забелешки имаат граѓаните во стариот дел на градот, кои мора да поминат низ рампите за влегување и излегување од дома.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум