Оштетен тревникот во дворот на црквата „Света Петка” во Кавадарци

Од:

Оштетен е тревникот во дворот на новата црква „Света Петка“ во Кавадарци, полицијата го расветлува случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

– Лице вработено во агенција за обезбедување пријавило во Полициската станица Кавадарци дека изминатата ноќ, непознато лице со возило поминало преку дворот на црквата „Света Петка“ во Кавадарци, лоцирана на булеварот „Цветан Димов”, рече портпаролката.

Според пријавата, како што додаде, било направено оштетување на тревнатиот дел во дворот со површина од околу 50 квадратни метри.

– Излезено е на лице место, се превземаат мерки за расветлување на случајот, додаде Стојковска.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он