Вчера во 15:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека бил оштетен штаб на политичка партија на улицата „Илија Смически“ во село Лескоец, охридско, известува Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници извршиле увид на местото и се преземаат мерки расчистување на случајот.