Оружен грабеж во аптека во Охрид

Од:

Вооружено и маскирано лице синоќа околу 22 часот извршило грабеж во аптеката Зегин што се наоѓа на улицата „Питу Гули“ во охридската населба Горна влашка маала.

Според изјава на очевидци, разбојникот влегол во аптеката и под закана со пиштол од вработените побарал да му ги дадат парите од прометот, притоа уверувајќи ги дека нема да ги повреди.

Откако ги собрал парите од прометот, напаѓачот влегов во бел автомобил со скопски регистарски таблички што го чекал пред аптеката и заминал во непознат правец.

Од полицијата од СВР Охрид го потврдија случајот без да дадат детали за околностите како се случил грабежот. Во тек е увид.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби