„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Од:

На 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа Скопје ќе има генералка од сметот кој што ќе го остават овие што ќе заминат, а потоа следи одговорност. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Беровски“, во Општина Ѓорче Петров.

На прашањето дали чуствува одговорност за неподигањето на сметот во Скопје од страна на Комунална хигиена и дека градоначалничката Данела Арсовска беше поддржана од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски, кажа дека повеќе пати се извинил за тоа што ја поддржале како независен кандидат.

– Дали чуствувам одоговорност што сум ја поддржал тогаш независната кандидатка, сум го кажал најмалку 10 пати. Да чуствувам и сум се извинил најмалку 10 пати. И еве повторно ќе кажам, се извинувам што тогаш застанав позади независниот кандидат Данела Арсвоска. И затоа сум го кажал тоа најмалку 10 пати дека таа грешка повеќе нема да ја повториме. Затоа на следните избори ќе победи Орце Ѓорѓиевски уште во првиот круг и како што самиот се обврза пред скопјани, во првите 72 часа ќе ги засука ракавите и ќе го исчисти Градот Скопје од смет, изјави Мицкоски.

Тој потсети на ситуацијата кога градоначалниците од скопските општини се самоорганизирале да го соберат сметот и оти одговорните тогаш во депонијата Дрисла ја затвориле портата, а градоначалниците добиле и кривични пријави.

– Простете ни, јас сум одговорен човек, претседател на Влада, претседател на најголемата политичка партија и неможам да дозволам и да жртвувам градоначалници кои се избрани од граѓаните за некој фрустрациите да ги покажува на нив, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски