Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Од:

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со 41,96 отсто од гласовите, при обработени 41,47 отсто од избирачките места.

Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,84 отсто, Башким Бакиу од ВЛЕН со 11,98 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,28 отсто, и Скендер Реџепи од Националната алијанса за Албанците (НАИ) со 10,58 отсто од гласовите.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бележат водство и во повеќето скопски општини — Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Бутел.

Во Аеродром, кандидатот Дејан Митевски води со 55,99 отсто, пред Александар Трајановски од СДСМ кој има 17,85 отсто.

Во Гази Баба, актуелниот градоначалник Бобан Стефковски има 56,56 отсто, додека Влатко Митовски од СДСМ добива 19,48 отсто.

Во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски (ВМРО-ДПМНЕ) води со 59,82 отсто, пред Костадин Ацевски од СДСМ со 21,07 отсто.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска има убедливо водство со 59,38 отсто, додека Јане Ацевски од Левица има 16,79 отсто.

Во Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 52,64 отсто, а Исамедин Азизи од НАИ има 27,88 отсто.

Во Карпош, води Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) со 36,37 отсто, пред Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 28,02 отсто.

Во Центар, Горан Герасимовски од СДСМ е во предност со 40,90 отсто, пред Мирислав Лабудовиќ од ЗНАМ со 28,77 отсто.

Во Чаир, Изет Меџити од ВЛЕН има 50,54 отсто, додека Бујар Османи од НАИ следи со 39,10 отсто.

Во Сарај, трката е исклучително тесна — Мухамед Елмази од ВЛЕН води со 49,20 отсто, а Блерант Рамадани од НАИ има 49,11 отсто.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини