Орбан: Нашиот херој Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на отворањето на конзервативната CPAC конференција (The Conservative Political Action Conference – CPAC) во Будимпешта го поздрави премиерот Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти.

-Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија!, изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европски и американски конзервативци во унгарската престолнина.

Пред обраќањето на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп. Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

Се очекува Мицкоски утре да има обраќање на конференцијата.

CPAC се смета за најголемиот и највлијателен собир на конзервативци во светот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот