Орбан им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.

„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Би можело да ве интересира

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија