Орав: Шансите земјава да ја загуби препораката за преговори се намалуваат

Од:

„Со новиот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската комисија, како и со силната обврзаност на двете страни, сe создава доволно оптимизам со што шансите земјава оваа година да ја загуби препораката за преговори се намалуваат“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав, во интервју за Радио Слободна Европа .

Тој изјави дека сега гледа силна посветеност и се надева дека сите ветувања на владата ќе бидат имплементирани онака како што се договорила со Европската комисија.

„Имаше некои недоразбирања минатата година и најверојатно тоа е причината зошто произлегоа такви изјави. Сега и двете страни повторно ги разгледаа малку своите позиции, разговараа за тоа што е погрешно, што треба да се направи потоа и доколку сега гледаме од малку историски аспект што тргна лошо, мислам дека ништо не се случи. Мислам дека владата ја сфати многу сериозно оваа нова динамика што и е дадена на земјата, исто така и опозицијата и невладините организации“, вели Орав.

„Доколку Македонија ги исполни сите критериуми од Патоказот, речи си невозможно ќе биде земјата да не добие препорака за започнување на преговорите со Европската Унија. Јас навистина се надевам дека спорот со името ќе се реши што е можно поскоро, јас лично ќе бидам многу среќен и знам дека ќе има многу посреќни луѓе во светот ако ова прашање се реши, вели Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија, во интервју за Радио Слободна Европа

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски