Орав: Можеме да направиме многу до состанокот на Советот на ЕУ

Од:

Евроамасадорот Аиво Орав денеска во Штип изрази оптимизам за претстојниот состанокот на Советот на Европската унија, на кој ќе се разгледува дали на Македонија ќе и биде доделен датум за преговори.

– Ние во Европската унија не зборуваме за блокади, ниту за вето, ние зборуваме за консензус. Постигнувањето на консензус е важно за секоја земја. Ни преостанува уште еден месец пред состанокот на Советот на Европската унија и мислам дека се уште можеме да направиме многу. Навистина се надевам дека ќе се постигне  консензус на крајот на јуни, што ќе биде задоволителен и за вашата земја и за 27 земји членки на ЕУ, рече Орав.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорите на Холандија, Италија, Словачка, Франција и Грција денеска во Штип имаа средба со градоначалникот Илчо Захариев и го посетија едношалтерскиот систем, проект реализиран со средства од ЕУ.

Амабсадорот Орав истакна дека денеска делегацијата е пристигната со информативниот автобус на ЕУ, во рамките на славењето на Денот на Европа. Исто така беше презентиран и пилот проектот за обука на механичари за машина за шиење во Штип, а во рамките на проектот „ЕУ развива образовна програма за возрасни“.

Делегацијата предводена од амбасадорот Орав ја посети и конфекцијата „Лабод МАК“, каде се спроведува проектот „Механичар за машина за шиење“, а во чии рамки се обучија десет вработени како да ги сервисираат машините за шиење. Програмата ја спроведе и ја изработи фирмата Поли проект инжинеринг од Штип. Учесниците имаа 300 часови обука, од кои дел се спроведуваа во две штипски конфекции, а во проектот учествуваа и експерти од Франција.

Делегацијата на ЕУ ги посети и модната конфекција „Алабтрос“ чиј сопственик е почесниот конзул на Естонија во Македонија Сашо Миладинов и винаријата „Езимит“, чиј сопственик е почесниот конзул на Летонија во Македонија, Зоран Митревски.

Би можело да ве интересира

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа