Орав и Жерновски: Членството во ЕУ и НАТО нема само да дојде, туку треба да се сработи

Од:

Наградените ученици од основните училишта во општина Центар, кои настапуваа за Денот на Европа, денеска беа примени од Евроамбасадорот Аиво Орав.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Орав и Жерновски со едногласна порака до децата, до нивните родители и до целата јавност дека членството во ЕУ и НАТО нема само да дојде, туку дека Македонија мора да ги сработи своите задачи.

Евроамбасадорот, прашан од учениците кога Македонија ќе стане членка на ЕУ, одговори –

„Работиме напорно, но има проблеми. Проблемот со името со Грција не е единствен проблем, треба да се почитуват базичните демократски вредности. Не го разбираме потегот на претседателот за аболиција на лица кои потенцијално направиле криминал. Ова е уникатна и лоша одлука. Која е пораката која што се праќа до оние кои што се во затвор и до другите луѓе?“, одговори Орав и потенцираше дека ЕУ говори отворено и транспарентно.

Неговата работа, рече тој, е да говори со политичарите, со опозицијата, со медиумите, со невладиниот сектор.

Орав ја потенцираше поддршката што унијата ја дава за Македонија, но сакаат да знаат како и зошто се потрошени парите и да не се злоупотребуваат.

„Европската Унија прво е мир, а второ демократски вредности, заштитени права, гарантирано право на глас и судови кои носат вистински одлуки“, рече Орав.

„Треба сите да сфатиме дека сами треба да сработиме, не да чекаме другите да го сработат тоа за нас“, рече Жерновски.

Се заблагодари на Европската Комисија и на амбасадорот Орав за соработката во проектот “Ден на Европа“ и вети дека и наредните години, општина Центар активно ќе учествува во неговата реализација.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски