Општински натпревар по прва помош во Крива Паланка

Од:

Шеесетина волонтери на општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка учествуваа на денешниот општински натпревар по прва помош.

Учесниците беа ученици во основните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, кривопаланечката гимназија и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

– Младите укажуваа прва помош, се натпреваруваа во спроведување на техники за спасување човечки живот, а најуспешни беа средношколците, под менторство на професорката по биологија Слаѓана Вучевска-Петковска. Младите се значаен дел од заедницата кои имаат способност да бидат инволвирани во спасување животи на своите врсници или членови на семејството, па оттука и потребата да се обучуваат и да не натпреваруваат во знаењето и владеење на овие вештини ни техники, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Најдобриот тим се пласираше на Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во скопската општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски