Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината, информираат од Центар.

Изминатите два викенда, овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени контроли во угостителските објекти. По извршените мерења, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените
гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, (Мош и Макка), им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина.

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објект во Општина Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и ќе бидат изречен поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан