Општините потрошиле 40 проценти помалку пари за украсување за 2021 година од 2020

Од:

За украсување на Град Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 проценти помалку од лани, се вели во соопштението на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој денеска ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

Како што стои во соопштението, од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. Вкупно 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а три општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.

Според истражувањето на ЦГК, за разлика од дочекот на изминатата 2020 година, кога тендери за украсување имале град Скопје и седум скопски општини, за дочекот на 2021 година тендери имале градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.

Од ЦГК соопштуваат дека и годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда.

Новогодишни пакетчиња за 2021 година, според ЦГК, купиле 56 институции. Вкупно 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.

Повеќе информации има во анализата од истражувањето дадена во следниот линк.

Би можело да ве интересира

Јавни набавки: Се поништува секој трет тендер

Министерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни, најмалку информации се објавуваат за финансиите

Ана Ололовска

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Ана Ололовска

Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

Ана Ололовска

Истражување: Транспарентноста на државните претпријатијата во 2020 година зголемена, но сѐ уште на ниско ниво

Ана Ололовска

ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Ана Ололовска