Од испитувањата направени во последните 24 часа, Министерството за здравство информира дека се регистрирани 163 нови случаи на Kовид-19, од кои 70 новозаразени се во Скопје.
Според бројките, општините каде што има најмногу заболени се Чаир со 421, Гази Баба со 149 и Аеродром 143 активни случаи.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, Министерството за здравство информира дека може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 421
• Аеродром – 143
• Бутел – 139
• Гази Баба – 149
• Центар – 125
• Карпош – 125
• Сарај – 139
• Кисела Вода – 107
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 95
• Шуто Оризари – 76
• Арачиново – 53
• Илинден – 30
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-51
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.