Општина Виница ќе поплочи тротоари со површина од 5,5 илјади метри квадратни

Од:

Општина Виница почна градежни активности со кои ќе се поплочат тротоари со површина од околу три илјади метри квадратни во градот и уште 2,4 илјади метри квадратни во населените места.

Веќе е завршено хортикултурното уредување и поставувањето бехатон плочки покрај православниот храм „Св. Лука“, на улицата „Даме Груев“, а во тек се подготвителните работи на улицата „Крушевска“.

– Ќе се поплочуваат неколку крака на десетина улици во центарот на градот, како и тротоарот на излезот од Виница кон Берово, а планирани се и тротоарски површини во неколку селски населби. Вкупната вредност на инвестицијата е 3,5 милиони денари, пари што се обезбедени од општинскиот буџет, рече градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров.

Со поплочувањето на тротоарите ќе се санираат и оштетувањата што настанаа со реализацијата на втората фаза од реконструкцијата на водоводната линија, кај која веќе се врши приклучување на домаќинствата.

Се планира реконструкцијата на тротоарите да заврши до крајот на мај.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени