Општина Виница асфалтира улици во селата Градец и Пеклани

Од:

Општина Виница интензивно работи на реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште и патиштата.

Согласно Програмата, по пет децении ќе бидат асфалтирани улици во селата Пеклани и Градец.

– За асфалтирање на улици во селата Градец и Пеклани во должина од по 370 метри се издвоени четири милиони денари, додека за улици во селото Трстија и во Виница околу 10 милиони денари. Овие средства се од општинскиот буџет и од Агенцијата за државни патишта, истакна градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев.

Покрај асфалтирањето на улици, Општина Виница започна и со уредување на речното корито на Виничка река во должина од 420 метри, проект кој општината го доби преку Источниот плански регион. Вкупната вредност на проектот е 3.626.441 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, а општината учествува со сопствени средства од 1.011.544 денари. Изведувач на работите е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје, а регулацијата на Виничка река се очекува да заврши за четири месеци.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

А1он

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски