Општина Василево уредува дел од регионалeн пат во село Владевци

Од:

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, почнаа градежните активности за уредување на дел од регионалeн пат во селото Владевци.

Уредувањето се состои од поставување бетонска подлога, како прва фаза од планираните активности. Општината изврши посипување со чакал и го тампонираше патот, а во текот на наредните денови активностите ќе завршат со негово асфалтирање.

Лошата состојба на овој патен правец беше една од причините поради која жителите на Владевци се движат по фрекветниот магистрален пат Струмица-Радовиш, кој поминува низ селото.

Должината на делот од патот што ќе се асфалтира изнесува 100 метри, а во извршувањето на работите се вклучени и ЈП за државни патишта и „Македонија пат“.

Би можело да ве интересира

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Општина Василево заврши со асфалтирање улици во три села

Ана Ололовска