Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на уште три улици

Од:

Општина Василево потпиша договор за асфалтирање на три улици во селата Нова Маала, Седларци и Василево.

Градежните активности ќе започнат во средината на наредниот месец.

– Улицата во Василево е во должина од околу 100 метри, во Седларци седумдесетина метри и истата води кон селската црква, а во населеното место Нова Маала, должината на улицата е околу 300 метри и води кон селската продавница во така наречената „Горна Маала“. Ширината на сите улици е по околу 4 метри, а заедничко е тоа што ќе бидат изградени со асфалт, информираше градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 1,1 милион денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Би можело да ве интересира

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Општина Василево заврши со асфалтирање улици во три села

Ана Ололовска