Општина Тетово: Создаваме модерна и професионална администрација

Од:

Општина Тетово реагираше на вчерашното соопштение на Општинската организација на СДСМ, во кое се вели дека локалната власт врши груба партиска чистка врз наставниот кадар во училиштата.

Во реакцијата  се вели дека Oпштина Тетово сите свои законски надлежности ги врши во согласност со Уставот и со постојните закони, и дека новиот пристап кон управување во себе содржи прогресивни политики.

„Во таа насока ги поставуваме темелите на транспарентното и одговорно работење на општинските органи и општинската администрација, завршувајќи го процесот на реорганизација на општинската администрација, со цел таа да биде поефективна и професионално да им служи на граѓаните на Тетово.

Општинската администрација и локалните јавни претпријатија се во процес на модернизација и професионализација. Новиот приод кон управување во себе содржи здрави прогресивни политики, кои се предуслов за остварување на визијата за изградба на Општина Тетово како една современа и модерна општина, која нуди перспектива, сигурност и квалитетен живот за секој граѓанин”, стои во соопштението на Општина Тетово.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа