Општина Струмица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

Од:

Општина Струмица денеска ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

godisninaBT-raganje (1)

Одбележувањето се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк пред кој претставници на општина Струмица, јавните институции, политичките партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе, а за животот и делото на Трајковски зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото рече:

– Детенцето од моноспитските сокачиња, момчето од струмичките улици, ученикот во струмичката гимназија, студентот на правниот факултет, правникот, верникот, политичарот и човекот, измина можеби кус, но многу содржаен животен пат, за да се вивне во височините на македонскиот опстој и да стане и остане бесмртен и по неговата прерана смрт. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив.

godisninaBT-raganje (2)

– Тоа е тој, човекот кој ги сакаше луѓето, Божјето чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопругот и таткото кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанецот кој ја сакаше својата родна Струмица и Македонецот кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија. Ете таков беше Борис Трајковски, кој настојуваше да стави знак на равенство помеѓу она што значи „човек“ и она што значи „Претседател“. Токму таа човечност и едноставност беа неговите главни белези, па во тој поглед не сакаше воопшто да се менува. За него и граѓаните и селаните и земјоделците и работниците и неговите соработници и државниците и кралевите, беа подеднакво – луѓе. За него воопшто не беше важно кој е кој и кој на каква позиција се наоѓа, туку кој е човек во вистинската смисла на зборот. Беше тоа негова доблест по која уште долго ќе го паметиме.

godisninaBT-raganje (4)

Пред споменикот беа прочитани и првонаградените творби по распишаниот литературен конкурс на тема „И по 11 години спомените за претседателот Борис Трајковски се уште живеат“, а во организација на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски