Општина Струга: Стружани и туристите да внимаваат какво такси-возило користат

Од:

Општина Струга апелира до граѓаните, но и до туристите кои престојуваат во градот, да внимаваат со какви такси-возила се превезуваат зашто голем дел од нив во шпицот на туристичката сезона работат незаконски.

– Во сообраќајот има возила кои работат на „црно“ односно не го почитуваат законот. Тие можат да бидат технички неисправни и да ја загрозат безбедноста на патниците. Возачите кои без дозвола вршат такси-превоз можат да бидат насилни, да го управуваат возилото под дејство на алкохол, или пак да бидат психички и физички неспособни за управување со моторно возило, предупредува Општина Струга.

Стружани и туристите, како што информира општината, можат да ги користат такси-услугите на оние возила кои на себе го содржат општинското лого и се облепени со ленти со црно-жолти коцки, а сите неправилности да ги пријават во Општинскиот инспекторат за патен сообраќај или во струшката полиција.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски