Општина Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година

Од:

Општина Струга до Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести поднесе барањеза пролонгирање на почетокот на учебната година во општина Струга.

По денешниот состанок, на фејсбук-страницата на Општина Струга, беше објавено дека е дојдено до заклучок дека состојбата е полоша од претходната година за што се утврдило дека почетокот на учебната година е потребно да биде пролонгиран, односно истата во Струга наместо на 1 септември да започне на 20 септември.

– Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар, е наведено на фејсбук-профилот на Општина Струга.

Од Општината додадоа дека според добиените информации од надлежните на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, а денес се хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, 7 во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на нега во домашни услови, додека во Струга 70 на домашна нега се 70 лица.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски