Општина Штип нема сила да се справи со бездомните кучиња

Од:

Штипјани веќе со месеци живеат во страв дека ќе бидат жртви на кучиња-скитници, чиј број од ден на ден сè повеќе расте.

По скандалот со измачувањето и нехуманиот третман врз кучињата-скитници што ја потресе јавност во октомври минатата година, Ветеринарната станица во Штип без објаснување го раскина договорот за ерадикација на кучињата-скитници, па оваа должност веќе со месеци никој не ја извршува.

sl kuce 3

По цели девет месеци Општината конечно одлучи да распише нов тендер за ерадикација на кучиња-скитници, иако тоа требаше да го стори уште по завршувањето на изборите. Причината за ваквото доцнење според градоначалникот на Општина Штип е недостатокот на финансиски средства во општинската каса.

sl kuce 2

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Распишавме тендер за згрижување на кучињата-скитници. Во моментот во градот имаме околу 20 проблематични кучиња, кои мораме веднаш да ги згрижиме, а каде што не доаѓа предвид за кастрација. Мораме да внимаваме на законските обврски и на моралните принципи и веруваме дека оној што ќе биде избран на тендерот наскоро ќе ја заврши работата“, изјави Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

До градоначалникот веќе е пристигната иницијатива од страна на приватно лице, кое бара дозвола да формира привремен центар за згрижување кучиња, каде што ќе ги негува и ќе ги третира, а потоа кучињата ќе бидат пренесени во некои од западноевропските земји, каде што ќе бидат дадени на посвојување.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Иако во моментот на штипските улици талкаат над 500 кучиња-скитници, општината, сепак, во наредните два месеци ќе згрижи и ќе третира само околу дваесетина за кои ќе констатира дека се заболени и преставуваат потенцијална опасност за здравјето на граѓаните.

IMG_0204

IMG_0202

Кога овој проблем ќе добие конечна разрешница сè уште никој од надлежните не знае.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство