Општина Штип го решавава проблемот со топлиот премин во училиштето „Славејко Арсов“

Од:

Штипското Општинско основно училиште(ООУ) „Славејко Арсов“ конечно ќе го реши проблемот со топлиот премин од училишната зграда до спортската сала. Директорот на ООУ „Славејко Арсов“, Павле Мицев појаснува дека станува збор за изградба на премин од 70 метри, колку што се одалечени едни од други зградата на училиштето и спортската сала.

– Чест и задоволство ми е да кажам дека ви кажам дека веќе се направении планот и проектот за топлиот премин. Парите се обезбедени од буџетот на Општина Штип и сега чекаме овие денови и да се распише тендерот и се надевам дека и во најкраток рок ќе се изгради, вели Мицев.

Во моментов има изградено патека од училиштето до спортската сала, но во текот на зимскиот период, кога има врнежливи денови учениците не се заштитетни кога одат на настава по физичко обарзование и воспитание.

– Изградбата на преминот ќе значи и безбедно движење на ученици од салата до училиштето и обратно. Тоа се некаде околу 70 метри, но временските услови знаете какви се во есен и зима и на овој начин сакаме да ги заштитиме децата, вели Мицев.

Општина Штип од сопствениот буџет решава еден од приоритетните проекти во областа на образованието, а понатаму останува да се чека на средствата од Министерството за образование за промена на прозорците и вратите во училиштето „Тошо Арсов“. Таму со години има реакции од страна на родителите и наставниот кадар за провевот кој се појавува во текот на зимата од старите прозорци, а училиштето набавува и дополнителни грејни тела, за да има услови за нормално одвивање на редовната настава.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он