Општина Штип го одбележува 22 март како Ден на пролетта и празникот Свети четириесет маченици

Од:

Општина Штип и оваа година го одбележува дваесет и втори март како Ден на пролетта и празникот Свети четириесет маченици, како и обичајот кој меѓу народот е познат како Чет’рсе.

Станува збор за првиот македонски обичај кој влезе на светската листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. Уникатниот и исклучителен обичај Чет’рсе е значаен сегмент од културата на Штип и на Република Македонија. Особено важно за овој обичај е што истиот го чествуваат младите жители на Штип, без разлика на нивната верска или етничка припадност. Вклученоста на младите е показател дека овој вековен обичај ќе продолжи да ги обединува сите жители на Штип, а исто така и се вклучува во промоцијата на идејата за развој на инклузивно општество.

По тој повод, Општина Штип заедно со основните училишта, градинките и останатите институции, организира повеќе активности, започнувајќи од 20.03.2018 г. На 20 март во ОМЦ „Киро Глигоров“ ќе се одржи квиз-натпревар меѓу основните училишта во Штип и ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци на тема „Чет’рсе – Навраќање на традицијата, пролетта е радост“.

На 21 март уште еден значаен ден, светски ден на поезијата, во НУБ „Гоце Делчев“ ќе се одржи литературно читање на творби од литературниот конкурс на истата тема. Конкурсот беше распишан пред десетина дена и на него со свои литературни творби се пријавуваат ученици од сите основни училишта во градот.

На 22 март во Дом на млади ќе се одржи хепенинг на кој ќе учествуваат основните училишта, градинките, балетските студија од градот, универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе има и изложба на изработки од деца со посебни потреби. На истиот настан ќе бидат прогласени победниците од квизот, литературниот и ликовниот конкурс.

Хепенингот ќе продолжи со пригодна програма до крајот на денот. Ги покануваме сите граѓани да ги проследат овие настани.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници