Општина Штип до петок ќе работи со скратено работно време

Од:

Согласно укажувањата од државните органи поради ниските температури и снегот, општина Штип оваа недела ќе работи до 13 на место до 15 часот.

Портпаролот на општина Штип Драган Ристов информира дека градоначалникот согласно законските овластувања донел одлука администрацијата до петок да работи со скратено работно време, до 13 часот, без користење на паузата за оброк.

– Намалена е и фреквенцијата на граѓани кои имаат потреба од сервисите и услугите на локалната самоуправа поради снегот и времето, па затоа е донесена ваква одлука. Доколку и идната недела имаме слично време, ќе продолжиме со скратеното работно време. Доколку има подобрување, ќе се вратиме на редовното работно време до 15 часот, рече Ристов.

Тој додаде дека со скратеното работно време се намалуваат и трошоците за загревање на зградата на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он