Општина Прилеп објави повик за продажба на неизградено земјиште

Од:

Во десеттата по ред објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, предмет на објава се четири локации во Прилеп.Понудени се атрактивни плацеви за изградба на семејни куќи во населбата Градина, во село Големо Коњари, како и градежна површина за колективна зграда во кругот на касарните.На местото од фудбалското игралиште во касарните понудена е можноста за изградба на спортски комплекс.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека со завршувањето на изборниот циклусво 2013 година ова е прва објава за продажба на градежно неизградено земјиште. Во оваа објава понудени се пет парцели во населбата Градина за индивидуално домување со просечна површина од 440 м2,површина за градење околу 150 м2 и можност за градење на приземје и два ката.

Во населеното место Големо Коњари понудена е парцела со површина од 500 м2 и понудени се две парцели во кругот на касарните за изградба на станбена зграда и парцела за изградба на објект за спорт и рекреација.

Почетната цена на парцелите наменети за индивидуални стамбени објекти е 61 денар, за колективното домување 1380 денари, додека за објектот за спорт и рекреација почетната цена изнесува 250 денари.Пријавите за учество на огласот се доставуваат најдоцна до 29 мај,а јавното електронско наддавање ќе се одржи на 3 јуни.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он