А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: По којзнае кој пат СДСМ Охрид се сплетка во уште една своја пајакова мрежа

by А1он17/02/2015 - 14:30106
Share0

„Општина Охрид им благодари на охридските Социјалдемократи  што денес јавно се заложија да ја  промовираат објавата на Локалната самоуправа  за  отуѓување на  градежното  земјиште сопственост на Р. Македонија во стариот дел на градот  со што  и тие директно   допринесуваат во  јавната промоција   на  привлекување поголем број  физички и правни лица да се  пријавуваат на објавата .

Добивај вести на вибер

По којзнае кој пат  СДСМ –Охрид,  денес се  сплетка во уште една своја пајакова мрежа  и не знаејќи како да излезе од неа потврди дека  ги поздравува  сите проекти на општина Охрид.

Чувствувајќи потреба да им  ги  објасни   основни законски чекори и постапки на охридските  Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека   објавата  за отуѓување на градежното земјиште во УЗ  1  блок  1.2,  блок 1.4  и дел од блок  3.4  во Охрид   се спроведува по барање на  Министерството за транспорт и врски.  Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната  висина до венец  е од 3,9 м  и катност- Приземје  ( минус две нивоа).   Почетната цена  за отуѓување  на  градежното земјиште   со  Уредба е  пропишана од страна на Владата на Р. Македонија и е   1543 денари по м2  што значи дека креатори   на   крајната  цена  би биле   пријавените учесници на електронското јавно наддавање. По продажбата на земјиштето 80 % од приходите     ќе бидат за  општина Охрид а 20 % за Р. Македонија.

Ако според  охридските Социјалдемократи  пазарната вредност при продажба на куќи во стариот  дел на Охрид изнесува најмалку 1000 евра а цената на неизградено градежно земјиште  е  над 500 евра,  општината   уште еднаш  ги повикуваа овие политички субјекти   да учествуваат на јавното надавање  и   да придонесат  во  зголемување на приходите на општина Охрид со што и тие би помогнале во пополнување на милионската дупка долгови која и ја оставија на општина  Охрид.

Што се однесува на вообичаените ,излитени фрази на СДСМ- Охрид кога станува збор за ветените  капитални  проекти на градоначалникот Никола Бакрачески,  општината Охрид  на свое и задоволство на охриѓани јавно  ги информира и    ги поканува социјалдемократите да го проследат официјалниот  почеток на реализацијата на капиталните проекти  кој ќе биде во наредниве денови.  Оставајќи ги во неизвесност и очекување  на Социјалдемократите, општина Охрид до скоро нема да открие детали за стартот на капиталните проекти во Охрид“, се вели во реакцијата на општина Охрид на прес конференцијата на СДСМ -Охрид.

.

ohrid

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 09:28

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Горан Наумовски29/10/2025 - 09:29

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Горан Наумовски07/10/2025 - 19:14

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 09:52

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 10:2309/09/2025 - 10:59

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Горан Наумовски18/08/2025 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен