• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: Дејан Блажески беше посрамотен вчера

by А1он14/03/2015 - 17:41113
Share0

Ги сожалуваме луѓето кои своите фрустрации заради професионална не реализираност ги компензираат со тешки излети во политиката. Денешното соопштение на советникот од ЛДП Охрид, Дејан Блажески е не успешен обид за бегство од вчерашниот срам, откако пред медиумите беше сузбиенн со факти неговиот став дека општина Охрид го чувала во тајност купувачот на парцелата во УЗ 1. Потенцираме дека општина Охрид, е една од најтранспарентните општини во Република Македонија, па од тука не гледаме нити причина, а ниту имаме потреба да го сокриеме името на купувачот на парцелата, особено не кога целата постапка беше јавна и транспарентна за што јавноста беше навремено информирана, реагираат од општината.

Добивај вести на вибер

Овој млад неискусен политичар можеби во вакви ситуации треба да учи не само од позиционите туку и од опозиционите советници – негови партнери, кои со своето искуство и интелект никогаш не би паднале толку ниско како него и не би настојувале да добијат политички поени со вакви невкусни конструкции.
На овај млад политичар општина Охрид и овај пат нема да му замери ако се земе во предвид фактот дека тој и вчера настојуваше да ја изобличи вистината кога кажа дека закана за блатото била пешачката патека што ќе се гради на тој реон. Па во овој случај само ќе го запрашаме: По што се движи кога го посетува овај дел од Охрид?

Право на надлежното одделение при општина Охрид е да врши корекции на веќе објавени текстови доколку станува збор за граматички или измени од техничка природа. Со самото тоа што и сами наведувате дека последната промена на текстот е направена на 07.05.2015 година, а не вчера, во вода паѓаат вашите конспирации и теории изнесени во денешно соопштение.

Општина Охрид како сериозна институција нема да падне на ниво да коментира непроверени фотографии и содржини, се вели во реакцијата.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен