Општина Охрид апелира граѓаните да пријават штети од невремето

Од:

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира. Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

Од општината велат дека по невремето кое го зафати градот во текот на попладневните часови, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ излегле на терен за да ги исчистат и санираат последиците.

Повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен. Невремето кое започна нешто по 14:30 часот донесе обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица