Општина Новаци се вклучи во проектот „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ во кој ќе учествуваат и Здружението на финансиски работници на локалната самопурава и јавните претпријатија од Велес.
Од тамошната локална самоуправа информираат дека цел на преоктот е што поефикасно и поефективно да се обезбедат јавни услуги за граѓаните преку доследно поттикнување и практикување на демократските вредности и зголемување на демократијата и на граѓанското учество за прашања важни за локалната заедница и креирање на оптимални политики на локално ниво.
– Општина Новаци заедно со уште седум други општини ќе работи во насока на воспоставување локални политики и практики базирани на отвореност, дијалог, поделба на одговорностите, зголемување на свесноста и иницијативата на граѓаните, зголемување на вештините и знаењето на општинската администрација за практикување на конкретно развиена методологија, иницијативи за подобрување на законската и подзаконската регулатива како и практики за добро владеење на локално ниво, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Проектните активности ќе бидат реализирани преку три одделни области , односно утврдување на демократските капацитети и добро управување на локално ниво, дизајнирање и имплементирање на инструментот за следење на буџетските алокации и трошења на локално ниво и оценка на перформансите на системот за јавен финансиски менаџмент на локално ниво.