Општина Новаци денеска прослави 21 година од денот на формирањето како единица на локалната самоуправа.
Празнувањата почнаа со состанок на градоначалникот Лазар Котевски со државната администрација, кои потоа заеднички положија цвеќиња на гробот на херојот Пеце Матичевски кој загина во конфликтот во 2001 година, а потоа се одржа и свечена седница на општинскиот Совет.
– Славиме со повеќе свечености кои ќе продолжат и утре со одбележување на патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, кое годинава слави 60-годишен јубијеј. Утре ќе имаат и отворен ден и спортски активности во училиштето, истакна Котевски на свечениот прием по повод годишнината од формирањето на општина Новаци.
Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.