А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Новаци ќе одбележува еден век од Првата светска војна

by А1он29/09/2014 - 12:07369
Share0

Општина Новаци во соработка со амбасади во Република Македонија почна со изработка на програма за одбележување на 100-годишнината од Првата светска војна.

Добивај вести на вибер

По неодамнешната средба со амбасадорката на Република Франција во Република Македонија, Лоранс Оер, викендов градоначалникот Лазар Котевски се сретна со српскиот конзул Силјан Мицевски со кого исто така разговарале за одбележувањето на еден век од Првата светска војна, која оставила посебни траги на територијата на општина Новаци.

– Сите заедно можеме да дадеме посебен придонес во заштитата на богатото културно-историско наследство од Првата светска војна. На територијата на нашата општина, на Кајмакчалан се наоѓа спомен костурница до која за жал сеуште нема пристапен пат и тој може да се изгради во соработка со српскиот конзулат. Но, т.н. меморијален туризам може да се развива и низ други форми за што неодамна разговаравме и со француската амбасадорка Оер, која е заинтересирана за обнова на спомен плочата на францускиот војник Марсел Дорфен во мариовското село Груниште, истакна Котевски.

За одбележување и потсетување на првиот планетарен конфликт или еден век од Првата светска војна, општина Новаци почна изработка на програма која ќе биде поддржана од неколку амбасади во Република Македонија, потврди градоначалникот Лазар Котевски.

novaci

Би можело да ве интересира

Битолско: Во Могила 33.8%, во Новаци 51.5% од запишаните гласале до 13 часот

Жарко Настоски15/07/2020 - 15:45

ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци дезинфицира јавни површини и објекти во Општина Новаци

Ана Ололовска13/04/2020 - 12:29

Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт

Ана Ололовска15/09/2018 - 09:58

Заеднички меѓународен проект на пограничните општини Новаци и Аминдео

Ана Ололовска11/07/2018 - 15:18

Превентивна дератизација во општината Новаци

Ана Ололовска23/05/2018 - 11:41

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Ана Ололовска17/05/2018 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен