Општина Новаци во 2018 година ќе вложи над 30 милиони денари за капитални инвестиции во инфраструктурата на таа локална самоуправа.
Со програмата за капитални инвестиции планирани се реконструкција и доградба на општинската зграда, реконструкција, одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта, реконструкција на училиштата во 3 села, како и реконструкција на објекти на месните заедници во 4 села, истакна Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.