Во рамки на Француско-балканската соработка, градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски учествуваше на Интернационална француско балканска конференција што на 16 и 17 март се одржа во францускиот град Дижон.
Од општина Новаци информираат дека градоначалникот Кузманоски на конференцијата во Дижон говорел на тема „Прва светска војна, источен фронт и соработката со Долна Нормандија со посебен акцент на соработката со општина Коломбел“.
– Соработката на општина Новаци со Долна Нормандија почна од 2008 година со цел размена на знаења и искуства за развој на алтернативниот туризам и поттикнување на меѓународната соработка на двете територии. Потоа продолжи со проект за валоризација и попис на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци со основна цел развој на меморијалниот туризам, нагласил Кузманоски.
Меѓународната конференција, Франција и Балканот се одржа во организација на Асоцијацијата на областа Виши Оверњ и со поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција и градот Дижон.
Од општина Новаци на информираат дека првиот дел од конференцијата бил посветен на европската иднина на државите од Западен Балкан, а посебна средба биле анализирани и вреднувани на реализираните активности и заедничките проекти.