Општина Кривогаштани материјално ќе го поттикнува наталитетот

Од:

Есенва во општина Кривогаштани образованието ќе го започнат само едно одделение првачиња. Колку е сериозен проблемот со опаѓањето на наталитетот говори и бројката дека во Кривогаштани, кое има над 2.000 жители, во следната учебна година во прво одделение во О.У. „Манчу Матак“ ќе се запишат само шест ученици.

Со цел да се зголеми бројот на новороденчиња, градоначалникот Заткоски ќе ги мотивира самците со доделување бесплатно градежно и земјоделско земјиште.
За првпат откако сум градоначалник имаме чест да доделиме еднократна помош од 5.000 денари за новороденче, а дополнително, бидејќи се работи за трето дете на ова семејство, следува помош од 10.000 денари со одлука на Советот на општината – изјави градоначалникот Тони Заткоски. Имено, со цел зголемување на бројот на склучени бракови, Општината на идните сопружници ќе им помага со давање плац за изградба на семејна куќа и 10-ина декари земјиште за обработка, како основа за нивна почетна егзистенција.

Со ваквите мерки од локалната самоуправа се надеваат дека во наредните години, наместо сегашните шест, од селото Кривогаштани бројот на првачиња неколкукратно ќе биде зголемен.  

А.Ш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски