Општина Крива Пaланка почна со имплементација на ИСО- стандардот за управување со квалитет

Од:

Општина Крива Паланка започна со имплементација на стандардот за управување со квалитет ИСО 9001:2015, информираат од Oпштината.

Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните, стопанството и на сите заинтересирани страни, општината започна со имплементација на меѓународниот стандард за управување со квалитет ИСО 9001:2015, што придонесува граѓаните на општина Крива Паланка да добиваат навремени и квалитетни услуги, а истовремено да се подобруваат и организациските можности, ефикасното искористување и управување на човечките ресурси во локалната администрација.

– Имплементацијата на стандардот за квалитет ќе се одвива во повеќе фази во кои ќе се направи анализа и оценка на постоечките процеси и нивната поврзаност, идентификација на разликите меѓу постоечката состојба и барањата на стандардот, дефинирање на контекстот на општината и нејзините процеси како и изработка и имплементација на комплетна документација која ја бара стандардот, притоа користејќи ја постоечката документација на општина Крива Паланка со која се реализираат активностите, додаваат од службите за информирање на општината.

По завршувањето на процесот на имплементација, Крива Паланка ќе биде подготвена за сертификација од независно тело, со што ќе добие сертификат за квалитет ИСО 9001:2015.

Имплементирањето на ИСО-стандардот е меѓународна гаранција и верификација за квалитетно работење, чија крајна цел е задоволството на крајните корисниците од услугите на општината.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори