Општина Крива Паланка и канцеларијата на ОН – жени потпишаа меморандум за соработка

Од:

Меморандум за соработка помеѓу канцеларијата на ОН – жени и општина Крива Паланка беше потпишан денеска со цел имплементација на регионалниот проект за промовирање родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија.

Крива Паланка ќе биде една од новите десет општини кои се вклучени во втората фаза од проектот што се имплементира од 2014 година во Македонија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Албанија.

– Во Македонија проектот е во втора фаза на имплементација која опфаќа една компонента за зајакнување на локалните механизми за имплементирање на родовата еднаквост. Во првата фаза во десет пилот општини во земјава се работеше интензивно на јакнење на капацитетите и на општинската администрација и на советите, за воведување родово-одговорното буџетирање во процесите на локалните политики, дизајнирање на програмите и самото планирање на ресурсите, односно на локалните буџети. Во оваа нова фаза се вклучени нови десет општини кои во период од една година ќе добијат сеопфатна, техничка и експертска поддршка, со цел да се зајакнат институционалните капацитети на општините за имплементирање на алатките за креирање родово-одговорни политики, изјави Ивона Пауновиќ-Бишевац, координатор на проектот.

Проектот нуди можност и ќе им пружи поддршка на сите вклучени општини за остварување на националните обврски за родова еднаквост согласно Законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените и согласно Националната стратегија за родова рамноправност.

– Ние како општина сме отворени за соработка и со овој меморандум ќе овозможиме дел од општинската администрација да се обучи за родово буџетирање, со цел успешно креирање на локалните политики на нашата општина, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Во следните 12 месеци ќе се спроведат серија обуки и континуирана програма на менторство која ќе ги опфати членовите на општинската администрација, советниците, како и на членовите на релевантните комисии при општината, со цел подигнување на свеста за натамошно инкорпорирање на родовата перспектива во сите нивоа и фази на креирање на локалните политики.

Покрај Крива Паланка, во оваа фаза од проектот се вклучени и Кочани, Гази Баба, Гостивар,Охрид, општина Центар, Новаци, Богданци, Велес и Куманово.

Проектот „Промовирање на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“ се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Австриска развојна соработка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот