Општина Кратово организира „Алтернативна еко-сабота“

Од:

Локалната самоуправа на општина Кратово утре организира волонтерска еколошка акција насловена „Алтернативна еко-сабота“.

– Станува збор за прва волонтерска еколошка акција во наша организација која има за цел да се исчистат патеките и паркот во месноста Карши бавча, а воедно и да се покаже дека можеме сите заедно еколошки да се однесуваме кон прекрасната околина која ја имаме во Кратово, истакнаа од локалната самоуправа на општината.

За акцијата, која ќе започне во 11 часот, се обезбедени ракавици и вреќи за отпад, но од општината посочуваат дека секој што ќе учествува дополнително може да понесе останати алати за чистење.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска