Општина Кочани се вклучи во проектот „Планински велосипедски рај“

Од:

Општината Кочани преку Источниот плански регион ќе се вклучи во проектот „Планински велосипедски рај“ со кој се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом на терените на Пониква на Осоговските планини.

Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност финансиран со грант од Европската унија го објави Повикот за изразување на интерес за Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот.

– Како баратели ќе кофинансираме 10% од износот на побараниот под-грант, во парични или непарични средства. Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со општина Кочани аплицира за овие средства со проектот „Планински велосипедски рај“ со кој се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом и паркиралиште на Пониква. Проектот „Планински велосипедски рај ќе започнува од браната Градче, преку планинските предели на селото Јастребник и Осоговските планини се до Пониква во должина од 35 км. Општина Кочани се обврзува да обезбеди кофинансирање во износ од близу 75.000 евра, што е 5,87% од вкупната вредност на под-грантот кој изнесува 1.276.317 евра, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.

Со изградбата на пешаки и велосипедски патеки, како и со адаптацијата на зграда во планинарски дом и доуредување на паркинг просторот на Пониква, овој дел од Осоговските планини ќе биде подостапен до туристите и љубителите на планинските спортови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот