Општина Кочани обезбеди средства за почетна помош на оштетените објекти од пожарот

Од:

Локалната самоуправа на Кочани издвои два милиони денари од сопствената сметка, како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се оштетени од пожарот.

Едногласна одлука за пренамена на средствата во буџетот донесе Советот на Општината на денешната вонредна седница, на која беше формирана и стручна комисија за проценка на штетите од огнената стихија.

-Со оглед на итноста на одлуката, ги зголемуваме средствата определени со програмата на Советот за постојани резерви, при што се прави привремено намалување во делот наменет за уредување на градежното земјиште. Се работи за првично надоместување на штетите што ќе ги утврди комисијата за проценка, а ќе се бара дополнителна финансиска помош од државниот буџет, истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Од пожарот во западниот дел на Кочани настрадаа куќи и помошни објекти во Белско Маало, како и штали со крупен добиток и живина, во кои настрада дел од добитокот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он