Општина Кочани обезбеди еднаква застапеност на жените и мажите во комисиите

Од:

Општина Кочани преку координаторите за еднакви можности на жените и мажите, упати препорака за спроведување позитивни мерки со кои при еднакви услови се дава приоритет на лица од помалку застапениот пол, сè додека не се постигне еднаква застапеност на двата пола или не се постигне целта заради која се преземени.

Според координаторката за еднакви можности во општината, Љубинка Ајтовска, Советот е еден од ретките во земјава што на ваков официјален и транспарентен начин, покажа политичка волја и родов сензибилитет за прифаќање и почитување на позитивните законски мерки за еднаква застапеност на мажите и жените во комисиите.

– Препорачавме дека не треба како во минатиот состав комисиите за сообраќај и за комунални работи да бидат составени само од мажи, а Комисијата за еднакви можности да биде „женска“ комисија. За почеток, поместувањата можеби се минимални, но нивното суштинско значење е големо, рече Ајтовска.

Координаторите за еднакви можности во општината изразија надеж дека почитувањето на препораката од Советот ќе го отвори патот за унапредување на родовата еднаквост и почитување на Законот за еднакви можности и во другите локални јавни установи, служби, комисии и одбори.

Општина Кочани соработува со канцеларијата на UN Women во Скопје во насока на зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на советот за родово одговорно креирање политики и буџети и унапредување на родовата еднаквост.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип