Општина Кочани не се откажува од изградбата на домнот за стари лица

Од:

Општина Кочани не се откажува од идејата за реализација на домот за стари лица кој ќе се гради на површина од 6.000 метри квадратни, на локацијата кај старата касарна во населбата Шатровиќ. Домот кој ќе има регионален карактер и во истиот ќе бидат сместени и пензионери од соседните градови Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово и Кочани ќе се гради по пат на приватно јавно партнерство.

За градбата на домот посебно се заинтересирани пензионерите од Кочани. Градончалникот Ратко Димитровски на оваа тема зборуваше и пред пензионерите на Кочани информирајќи ги дека домот за стари лица е влезен и во програмата за реализација за наредните четири години.

-Регионалниот дом за стари лица ќе го градиме по пат на приватно јавно партнерство. Општината не се откажува од неговата градба, бидејќи досега инвестиравме доволно за почеток на работите. Имено комуналиите за градба на домот се на товар на општината, а таа обезбеди водоводна и канлизациска мрежа до самата локација, изјави градоначалникот Димитровски.

На средбата со Димитровски, пензионерите од Кочани побараа воведување бесплатен превоз еднаш во неделата и користење на градскиот превоз во кој партиципира општината. За ова Димитровски истакна дека општината партиципира по 10 денари за секој продаден билет, а ја поздрави идејата за можноста за воведување на беслатно користење еднаш во неделата од страна на пензионерите.

Инаку општина Кочани, според Димитровски и понатаму ќе ги следи активностите на Здружението на пензионери на Кочани и заеднички ќе учествуваат во реализиреањето на проекти од интерес на граѓаните на општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот